Српскиот ветеран Милош Теодосиќ синоќа го одигра последниот натпревар пред навивачите на Виртус, а утрешната „мајсторка“ во Милано ќе биде последен меч за него воопшто во дресот на клубот од Болоња.
Бројни италијански и грчки медиуми тврдат дека искусниот плејмејкер нема да остане во Виртус и идната сезона и дека ќе го напушти овој тим по четири години во него. Со некогашниот европски првак освои два трофеја, по една во италијанското првенство и во Еврокупот.
Ситуацијата со Теодосиќ, наводно, внимателно ја набљудува менаџментот на Црвена Звезда, клуб кој и порано беше заинтересиран за еден од најдобрите плејмејкери во Европа последната деценија. И на Теодосиќ, голема желба му беше да го облече дресот на Звезда, па можеби сега е дојдено време за тоа.