Терзиевски во идеалната петорка на турнирот во Будимпешта

0Shares
0 0

Кошаркарот на Вардар, Жарко Терзиевски се најде во најдобрата постава на квалификацискиот турнир за пласман во Европската младинска лига (EYBL) што се одржа во унгарската престолнина.

Младиот играч кој е и член на М14 репрезентацијата на Македонија постигна вкупно 78 поени на турнирот, односно во просек по 19,5 на четирите натпревари во Будимпешта. Со тоа беше и еден од најзаслужните за успехот, односно пласман во главната фаза од европското натпреварување.

Штета е тоа што во идеалната петорка не се најде капитенот Љубен Ефтимовски кој, исто така, одигра фантастичен турнир.

0Shares
0 0