Американскиот аналитичар Рик Бучер предизвика бурна полемика во една телевизиска емисија откако изјави дека Никола Јокиќ не е најдобар играч во светот.
Неговиот став мора да се почитува, каков и да е, но аргументите кои ги изнесе за да ги одбрани се небулозни. Според него, Јокиќ не е најдобар на светот затоа што во плејофот не игра против екипите на Жоел Ембид (Филаделфија 76) и Јанис Адетокунбо (Милвоки Бакс). Интересно е тоа што на крајот, по жестоката дебата, тој рече дека Јокиќ игра најдобро, а сепак не е најдобар играч.
„Немам замерка ако некој каже дека тој е најдобар, но проблемот што овде постои е тоа што Јокиќ нема конкуренција во плејофот. Го нема Јанис, го нема Ембид, значи неговите најголеми конкуренти не се тука за тој да се пресмета со нив. Лесно е да се констатира дека е најдобар во конкуренција на кошаркарите против кои игра моментално.
LISTEN TO THIS MAN. First, Jokic had to make the Finals. Then it was his defense can’t hold up. Now it’s he has too good of teammates and it’s not fair because Giannis and Embiid aren’t playing against him LOLOL pic.twitter.com/m0vgYJRSyu
— Swipa (@SwipaCam) June 3, 2023
Никола покажа дека може да оствари трипл дабл ефекти кои имаат смисла. Знам дека 99% луѓе ќе се согласат со вас дека тој е најдобар затоа што ќе ја освои титулата, ќе одигра најдобро во плејофот, дека е двоен МВП… Но, јас само велам дека останатите кошаркари ја немаа таа шанса што ја доби Јокиќ. Сега никој не игра подобро од него, тој е најдобар кошаркар во плејофот“, рече Бучер.
Јокиќ и има трипл дабл просек во плејофот, на 16 натпревари постигнува по 29,8 поени, 13,1 скок и 10,5 асистенции. Од вкупно 16 натпревари, на 11 имаше трипл дабл ефект што е нов рекорд во разигрување за титулата во НБА.