Еден од најзначајните играчи на Реал, Гершон Јабуселе ќе мора на принудна пауза од неколку месеци поради тешка повреда, доживеана на вчерашниот натпревар против Монако.
Како што објавија шпанските медиуми, репрезентативецот на Франција има скинат лигамент на левото колено. Тој играше 12 минути на мечот со Монако и додека беше на терен, неколку пати се фати за коленото. По големиот одмор, повеќе на се врати во игра. Иако нема точна прогноза кога би заиграл повторно, Шпанците тврдат дека тоа нема да се случи пред крајот на 2023 година, а тешко дека кам-бекот ќе се случи и во јануари.
Загубата на Јабуселе е тежок удар за Реал бидејќи тој имаше голем придонес во играта и резултатите на тимот оваа сезона. Мадридскиот тим нема голем избор на позицијата 4, Ели Ндиаје не игра откако доживеа повреда на тренинг, па многу веројатно на тоа место ќе мораат да пополнат Габриел Дек и Марио Хезоња.
Јабуселе сезонава просечно постигнува по 10,3 поени и 5 скока на натпревар во Евролигата. Реал се уште нема пораз во сите натпреварувања во кои учествува(ше) и во моментов е со биланс 19/0.