Убедлив пораз на МЗТ Скопје во Солун

0Shares
0 0

Македонскиот првак МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на подготовките за новата сезона откако попладнево загуби од ПАОК со 53-97 на гостувањето во Солун.

За двете екипи ова беше еден од главните тестови пред почетокот на новата сезона. ПАОК доминираше во текот на целиот меч, во осмата минута водеше со 23-15, а на крајот од првата четвртина имаше 28-19, пред се благодарение на одличниот шут од далечина.

На пауза веќе беше 53-31, но и тоа не му беше доволно на грчкиот прволигаш кој продолжи да гази и во вториот дел. Во второто полувреме МЗТ Скопје успеа да постигне само 22 поена. Во редовите на нашиот шампион недостасуваше Југитоглу, како и Мекиќ и Андоноски кои и претходно, поради повреди, не беа на располагање на тренерот Петровиќ.

Најефикасен беше Крстевски со девет поени, по осум постигна Магдевски и Дамјан Стојановски, Каги реализира седум, а Војдан Стојановски шест.

0Shares
0 0