ТФТ го обезбеди првото засилување за новата сезона

0Shares
0 0

Американскиот интернационалец Тревор Џасински е првиот кошаркар што го засили ТФТ за новата сезона.

Станува збор за кошаркар од Универзитетот Вестерн Вашингтон и член на најславната генерација на Викингс, заедно со Треј Дрексел кој до неодамна беше играч на Партизан и Долтон Хомс од Кремона. Има 25 години, висок е 201 сантиметар и игра на крилните позиции, а во последната сезона на колеџ, просечно постигнувал по 19,1 поен и 7,1 скок по натпревар.

Во Европа дојде во 2020 година, во холандскиот прволигаш Бал Верт Лимбург кој таа сезона направи сензација освојувајќи го националниот Куп, нешто слично како ТФТ годинава во Македонија. Таа сезона просечно постигнувал по 16 поени и 5,5 скока со 38% погодени удари за тројка, но минатата натпреварувачка кампања ја пропушти поради тешка повреда.

Џасински би требало да биде замена за Ландриус Хортон кој е засега единствениот кошаркар што го напушти ТФТ и се пресели во Шведска. Претстојната сезона, освен во домашното првенство, тимот од Тафталиџе треба да игра и на меѓународна сцена, но уште чека одговор за настап во ФИБА лигата на шампионите и АБА 2.

0Shares
0 0