ТФТ го победи Левски и ќе игра во финалето

0Shares
0 0

Освојувачот на Купот на Македонија оствари триумф против Левски во полуфиналето од турнирот што денеска почна во оргаизација на бугарскиот клуб Спартак Плевен.

ТФТ го совлада Левски со 83-78 и го очекува подобриот од дуелот меѓу домаќинот и Пелистер кој се игра од 18:30 часот. Нашиот тим доминираше во поголемиот дел од мечот иако разликата која ја имаше не беше голема. По десет минути игра имаше 23-18, Левски се доближи на 31-34, но до полувреме ТФТ веќе водеше со 45-38.

Во третата четвртина бугарскиот тим направи пресврт и поведе со 63-60, но сето тоа кратко траеше бидејќи ТФТ до средина на последниот квартал го сврте резултатот во своја корист (70-68) за потоа само да ја потврди победата.

Лаклан Андерсон потврди дека се наоѓа во добра форма и постигна 18 поени, а двоцифрени беа уште Костоски со 16, Доналдсон со 13, Ташовски со 12 и Батрик со 11.

0Shares
0 0