Денеска од 16 часот, во СРЦ Кале ќе се сретнат скопските ривали ТФТ Моцарт и Вардар во меѓусебен тест натпревар.
За двете екипи, тоа ќа биде генерална проба, односно последен подготвителен меч пред стартот на новата сезона во која стартуваат со различни амбиции. ТФТ Моцарт ќе се обиде повторно да обезбеди пласман во плејофот, додека за Вардар успех ќе биде опстанок во елитната конкуренција, а ќе настапува исклучиво со македонски кошаркари, единствен во Првата лига.
ТФТ Моцарт ќе ја отвори новата сезона во македонската кошарка, со дуелот против Работнички кој најверојатно ќе се игра на 27 септември поради обврските на клубот од Градски парк во квалификациите за ФИБА Европа купот. Во стартното коло, Вардар го пречекува Охрид со кого минатата сезона се натпреваруваше во Втората лига.
Натпреварот меѓу ТФТ Моцарт и Вардар, резултатски можете да го следите во живо на овој ЛИНК.