ТФТ или По Ортез!

0Shares
0 0

ФИБА денеска ги објави имињата на клубовите кои ќе играат во групната и во квалификациската фаза од Лигата на шампионите претстојната сезона.

Единствениот македонски клуб кој пријави учество во ова натпреварување е ТФТ кој, сепак, ќе мора да почека извесен период за да дознае дали ќе може да учествува во квалификациите. За овој дел од Лигата на шампионите се пријавиле дури 70 екипи, а според ранкингот, освојувачот на Купот на Македонија бил на 25. место.

Во квалификациите учествуваат 24 екипи, но шансите на ТФТ, сепак, уште постојат. Се зависи од францускиот прволигаш По Ортез кој е планиран да игра во групната фаза од натпреварувањето на ФИБА, но од својата федерација нема добиено лиценца за настап во домашното првенство, а со тоа и во меѓународните купови. Причината лежи во долгот од два милиона евра кој По Ортез мора да го подмири за да игра.

Од вечерва тече рокот од 48 часа во кои По Ортез може да ја обжали одлуката, а ако таа биде прифатена, клубот ќе има седум дена да најде два милиона евра со кои ќе ги расчисти долговите. Ако во тој период не обезбеди толку пари, автоматски ќе биде дисквалификуван, неговото место во групната фаза ќе го пополни Стразбур, а ТФТ ќе игра во квалификациите.

0Shares
0 0