ТФТ испадна, но Македонија има претставник во полуфиналето

0Shares
0 0

Денеска во Скопје продолжува квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите со полуфиналните дуели.

Од 18 часот, најголемиот фаворит за триумф, Тофаш се среќава со Волунтари, а од 21 часот играат Кемниц и швајцарскиот Фрибург. Во отсуство на ТФТ, кој испадна во четвртфиналето, вниманието на домашната кошаркарска јавност ќе биде насочена на Кемниц каде е единствениот преостанат Македонец.

Ѓорѓи Кочов како асистент во стручниот штаб на Бундеслигашот, треба да помогне да се помине втората пречка и тимот да стигне до посакуваното финале. Кемниц против ТФТ покажа дека е извонредно подготвен, но денеска ќе му треба повеќе напор против 18-кратниот шампион на Швајцарија и тим кој веќе има големо искуство на меѓународна сцена.

Победниците на вечерашните дуел ќе се пласираат во неделното финале по кое ќе го добиеме најдобриот на турнирот и учесникот во групната фаза од Лигата на шампионите.

0Shares
0 0