ТФТ ја отвора кошаркарската година во Македонија

0Shares
0 0

Со дуелот против Ибар, кој требаше да се игра во декември, но беше одложен поради голем број болни кошаркари во тимот, ТФТ вечерва ја отвора кошаркарската сцена во Македонија во 2022 година.

Екипата од Тафталиџе претрпе порази на последните два меча во БИБЛ лигата, но се уште е со реални шанси за пласман во следната фаза. Потребна е победа против директниот ривал за едно од првите четири места на табелата Ибар од кого загуби во Рожаје на почетокот од декември со 77-79.

Од крајот на минатата година, ТФТ претрпе неколку играчки промени, пред се кога станува збор за странците. Во составот вечерва ќе дебитира новиот играч на ТФТ, Џермејн Бишоп, но не и Мајк Нвазабур за кого уште не се стигнати документите и тој ќе почека уште некое време. Си заминаа Еј Џеј Џон кој кариерата ќе ја продолжи во Израел и Тревон Бродвеј кој замина во Кожув.

Натпреварот меѓу ТФТ и Ибар се игра вечерва од 19 часот во СРЦ Кале. Црногорскиот тим доаѓа во Скопје со биланс од две победи и четири порази.

0Shares
0 0