ТФТ му пружи солиден отпор на шампионот

0Shares
0 0

Освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ го одигра можеби најдобриот натпревар во АБА 2 лигата иако доживеа пораз и во дуелот со Златибор.

Бранителот на титулата во регионалното натпреварување славеше сп 90-76, но ТФТ беше активен се до последната четвртина иако постојано имаше негатива. До средината на вториот квартал се играше израмнето, се додека Златибор со една серија не се избори за предност од +8 (43-35) на полувреме.

Во третиот квартал македонскиот тим намали на само пет поени негатива, но Златибор, сепак, по 30 минути игра имаше 64-54. Се беше решено кон средината на последната четвртина кога Србите поведоа со 16 поени разлика (79-63).

Смилковски им даде шанса на сите кошаркари кои ги поведе со себе во Сараево, а само еден од нив не успеа да се запише во листата на стрелците. Најефикасен беше Костоски со 12 поени.

0Shares
0 0