ТФТ не остава ништо на случајот – донесе замена за Бејли

0Shares
0 0

Еден ден откако стана јасно дека Брендан Бејли нема да се врати во Македонија за претстојната сезона, ТФТ успеа да договори негова соодветна замена.

Во Тафталиџе доаѓа Тревон Бродвеј, 23-годишен крилен играч, висок 196 сантиметри кој веќе ги договори личните услови со ТФТ. Претстојната сезона ќе биде негова прва како професионалец, а во сениорската во НЦАА, постигнувал просечно по 17,9 поени 5,4 скока за Универзитетот Централ Мичиген.

Со ангажманот на Бродвеј, ТФТ повторно има петмина странци во својот состав бидејќи тука се уште: Јован Морнинг, Еј Џеј Џон, Амир Смит и Ландриус Хортон.

0Shares
0 0