ТФТ не успеа во финалето

0Shares
0 0

Домаќинот Спартак е победник на меѓународниот кошаркарски турнир што вчера и денеска се одржа во Плевен.

Во финалето го совлада македонскиот претставник ТФТ со 101-95 и тоа благодарение на одличниот финиш. Освојувачот на Купот доминираше во првото полувреме, во втората четвртина водеше со 51-37, но по 20 минути игра резултатот беше 53-51 за нашиот тим.

И во вториот дел ТФТ го диктираше темпото, но предноста беше многу помала. На средина од третиот квартал беше 68-62, а во последната четвртина и 84-82. Спартак потоа направи пресврт и поведе со 91-87 за на нешто повеќе од минута до крајот, по тројката на Андерсон, резултатот да биде израмнет на 95-95. Следуваа две тројки на Мартинов кои и го одлучија победникот во ова финале.

Во тимот на ТФТ најефикасен беше Лаклан Андерсон со 20 поени, Ташовски додаде 17, а Батрик 16 поени и 9 скока. Ова беше последен тест за нашиот тим пред квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите кој од 21 до 25 септември ќе се одржи во Скопје.

0Shares
0 0