Откако денеска го потврди својот настап во Кошаркарската Лига на Шампиони на ФИБА, ТФТ Моцарт го договори третото засилување за новата сезона, прво домашно.
По американските интернационалци Треј Верц и Џелани Симонс, нов играч на ТФТ Моцарт ќе биде поранешниот младински репрезентативец Павел Данаиловски кој претходните две сезони беше член на Работнички. Плејмејкерот и раководството на ТФТ Моцарт ги договориле сите детали околу соработката, челниците на Работнички дале дозвола за трансферот и идната недела сето ова само ќе се официјализира.
Во сезоната што помина, Данаиловски одигра 17 натпревари за Работнички во Првата лига. Во тимот од Градски парк, 20-годишниот кошаркар дојде пред две години, а до лани беше стандарден репрезентативец на Македонија во сите младински категории.