ТФТ скапо ја продаде кожата

0Shares
0 0

Освојувачот на Купот на Македонија, ТФТ доживеа елиминација во четвртфиналето од квалификацискиот турнир за Лигата на шампионите, но пружи голем отпор против фаворизираниот бундеслигаш Кемниц.

Германскиот тим победи со 96-77, но на помалку од две минути пред крајот разликата изнесуваше само 12 поени, а во последната четвртина беше само +9 за гостите. Со серија од 7-0 во финишот, Кемниц потврди дека во овој момент е далеку поквалитетен тим во што никој не се сомневаше.

Всушност, екипата во чиј стручен штаб е Ѓорѓи Кочов уште од почетокот ја покажа својата сила. ТФТ се одржуваше со тројките на Лаклан Андерсон кој погоди четири во првата четвртина, но Кемниц по десет минути игра имаше двоцифрена предност (24-14). Таа разлика се одржуваше до финишот од вториот квартал кога со серија од 10-2 германскиот тим дојде до 46-28.

Веројатно сите очекуваа моралот на ТФТ да падне кога Кемниц ја надмина и границата од 20 разлика, но тука почна подемот на нашиот тим. Со серија од 7-0 се врати на 43-56, Кемниц подоцна имаше 76-56, но потоа следуваше нова низа од 13-1 за ТФТ со која дојде до минимални во второто полувреме -9 (69-78) и напад за уште пониска негатива. Андерсон промаши, а Кемниц го искористи тоа за да го зададе финалниот удар.

Андерсон со 27 поени, вклучувајќи седум тројки беше најефикасен во ТФТ во кој уште Батрик и Николов беа двоцифрени со по 11 поени. Кемниц го имаше Филиповити кој постигна 26 поени. Во полуфиналето, германскиот тим ќе игра со Фрибург од Швајцарија, а втората двојка ја сочинуваат Тофаш и Волунтари.

0Shares
0 0