По пауза од од една година, легендата на македонската кошарка Тодор Гечевски ѝ се враќа на кошарката, но не во Федерацијата каде го имаше последниот ангажман, туку на клупско ниво.
Кавадарчанецот повторно ќе биде спортски директор на Работнички, функција што ја извршуваше и пред да влезе во КФСМ, како дел од екипата на претседателот Перо Антиќ што во 2019 година ја доби довербата да ја води Федерацијата. Според информациите од клубот, се е веќе договорено меѓу Работнички и Гечевски и останува уште на седница на Управниот одбор, тој формално да биде верификуван како нов спортски директор.
Работнички е доста тивок ова лето кога се во прашање трансферите што ќе биде основна работа на Гечевски. Засега нема потврдено ниедно ново име иако кошаркарската јавност лицитира со неколку познати кошаркари, меѓу кои има и репрезентативци на Македонија.