Тотален пресврт: Симонс се врати во Филаделфија

0Shares
0 0

На една недела пред почетокот на новата сезона во НБА лигата, Бен Симонс се врати во екипата на Филаделфија 76 иако претходните месеци инсистираше на трејд, па дури и не сакаше никаков контакт со раководството и стручниот штаб.

Според американските медиуми, Австралиецот пристигнал во Пенсилванија и веднаш пристапул кон целосен Ковид протокол по што би требало да се приклучи на подготовките за новото првенство. Прашање е како ќе биде примен од соиграчите и навивачите по сето она што го кажа и направи претходниот период.

Навивачите ионака не му беа наклонети и него го сметаа за најголем виновник за тоа што Сиксерс години наназад не успеаја да стигнат барем до финалето. Во серијата против Атланта, во претходниот плеј-оф, Симонс промаши 27 слободни фрлања, а во целото разигрување имаше очајни 34% шут од „пенал“ линијата.

0Shares
0 0