Традицијата продолжува: Исчезна уште еден играч на Морнар

0Shares
0 0

Трета сезона по ред, црногорскиот прволигаш Морнар се доведува во ситуација да исчезне кошаркар и никој да не знае што се случува со него.

Сега тоа е Кори Дејвис кој не се појавил за тренинг и не се јавил која е причината за тоа, а не можат ни да го најдат во неговиот привремен дом во Бар. Минатата сезона исчезна Џони Хамилтон, а е пред две годни го снема и Бронсон Кениг.

„За Дејвис ангажиравме потрага, човекот исчезна. Одби да тренира додека бевме во Солун, потоа одби и да игра, правдајќи се со повреда. Штом се вративме во Бар, со лекарски преглед е заклучено дека не е повреден и затоа ќе биде суспендиран.

Неговото однесување го проследивме до менаџерот. Сега не знаеме каде е, три дена не се појавил на тренинг и не се јавува никому“, изјави тренерот на Морнар, Михаило Павичевиќ.

Американецот Дејвис минатата сезона му беше соиграч на Војдан Стојановски во францускиот прволигаш Гравелин Динкерк.

0Shares
0 0