Трајчевска и Стојановска во Бадел и идната сезона

0Shares
0 0

Двете најдобри кошаркарки на вицешампионот во женска конкуренција, ќе бидат предводнички на тимот во настапот во ВАБА лигата претстојната натпреварувачка кампања.

Нена Трајчевска и Александра Стојановска ги продолжија договорите со Бадел на уште една година и токму тоа е клучниот фактор што клубот одлучи да се пријави во регионалното натпреварување. Во текот на летото ќе бидат ангажирани соодветни засилувања кои ќе можат да одговорат на предизвикот и барањата на тренерот Перо Стамески.

„Нам ни беше најважно Трајчевска и Стојановска да останат и со две поквалитетни засилувања на центарските позиции да направиме конкурентен тим. Без квалитетни домашни кошаркарки, нема што да бараме надвор“, изјави за кош.мк, тим менаџерот на Бадел, Љупчо Павловски.

Стојановска и Трајчевска се меѓу носителите на играта во женската репрезентација, двете имаат и интернационално искуство и треба да бидат столб на овој тим на Бадел. Екипата од Кисела Вода има и исклучително талентирани млади кошаркарки на кои поискусните треба да им бидат пример во кариерите.

0Shares
0 0