ТРАЈЧЕВСКА: Не се плашиме од никого!

0Shares
0 0

Во отсуство на Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска ќе ја предводи македонската женска кошаркарска репрезентација на дуелите против Белгија и Германија.

Искусната интернационалка очекува борбена игра од сите кошаркарки, без разлика на проблемите со кои се соочува нашиот национален тим. Денеска Македонија гостува на Белгија во првиот од двата квалификациски дуели во овој „прозорец“.

„Цела година не сме се виделе, еве сега се собравме, но некомплетни сме бидејќи недостасува најдобриот домашен играч Анџелика Митрашиновиќ и уште неколку кошаркарки од Италија кои, за жал, не можеа да бидат со нас. Без разлика на тоа, мора да се игра, ќе одиме на победа на секој меч, противниците се големи и силни репрезентации, но нема предавање.

Се запознавме со новото засилување Мерит Хемпе, неколку дена сме заедно, се работи за прекрасна лично и мислам дека ќе ни биде од голема помош на теренот.

Јас лично мислам дека можеме да се натпреваруваме со секоја репрезентација. Германија ни е попозната бидејќи игравме против неа во претходниот циклус, но Белгија има неколку познати кошаркарки и е една од најсилните во Европа. Пак ќе кажам дека не се плашиме од никого, излегуваме да се натпреваруваме и ќе се бориме до крај“, изјави Трајчевска.

0Shares
0 0