Во текот на летото, Олимпија направи целосен ремонт на својот играчки кадар, донесе 11 кошаркари и нов, трофеен тренер со што најави кандидатура за висок пласман во АБА лигата и потенцијална конкуренција на неприкосновените Партизан и Црвена Звезда.
По само две кола, ова паѓа во вода откако вечерва, најтрофејниот словенечки тим изгуби од Звезда во Белград со 43 поени разлика (51-94), а најлошото од се е тоа што „црвено-белите“ ја поштедија Олимпија бидејќи на две минути пред крајот водеа и со 50 разлика (94-44). Олимпија го заврши натпреварот со серија од 7-0 и барем делумно го намали срамот иако и ова што го доживеа во Белград се граничи со катастрофа.
Во актуелниот состав на Олимпија има неколку искусни евролигашки кошаркари, па дури и такви кои биле на чекор од НБА лигата. По денешната победа и на Партизан против Крка со 40 разлика, повторно се поставува дилемата за евентуална промена на системот на натпреварување во АБА лигата бидејќи е јасно дека српските претставници далеку отскокнуваат од конкурентите.