Финскиот стручњак Туомас Лисало повеќе не е тренер на Телеком Бон, по две сезони на клупата на бундеслигашот.
Тој ја презеде екипата во летото 2021 година и во својата втора кампања како тренер на Бон оствари големи успеси. Ја освои титулата во Кошаркарската Лига на Шампиони на ФИБА, беше прогласен за тренер на сезоната во тоа натпреварување, исто како и во Бундеслигата каде го однесе тимот до финалето, но не успеа да дојде и до шампионскиот трофеј.
„Не верувам дека некој можеше да го замисли она што го направивме во двете заеднички сезони. Одлуката да го напуштам Бон беше мошне тешка, но ја донесовме од фамилијарни и спортски причини“, изјави Лисало кој во двете сезони на клупата на Бон имаше биланс од 85 победи и 20 порази.
Пред неколку недели се шпекулираше дека негова следна станица во кариерата ќе биде Париз, но и дека заедно со него ќе тргне македонскиот репрезентативец ти Џеј Шортс. Засега нема потврда за овие најави, но во следниот период ќе се знае нешто повеќе на оваа тема.