По Кристијан Банди и Малколм Бернард, актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер донесе уште едно засилување.
Во Битола доаѓа американскиот интернационалец Ренди Брумант кој минатата сезона настапувал во романското првенство, во дресот на Таргу Жиу. Висок е 201 сантиметар, има 24 години и искуството во Романија му било прво на европскиот континент. На 11 одиграни натпревари, просечно постигнувал по 4,7 поени и 4,3 скока.
Пелистер засилено се подготвува за стартот на новата сезона која ќе ја отвори со гостување во Гостивар. И во оваа натпреварувачка кампања, битолскиот тим ќе настапува во АБА 2 лигата.