Осмото коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе се протегне во пет дена поради настапот на три наши екипи на АБА 2 турнирот на Златибор.
Викендов ќе се одиграат четири меча од кои три се на програмата вечерва. Вистинските возбудувања ќе почнат утре, а кулминацијата се очекува в среда кога во меѓусебни дуели ќе се соочат најдобрите екипи во лигата.

Според пласманот на табелата, вечерва би требало да биде најинтересно во Кале каде Вардар ќе го пречека Гостивар во обид да направи ново изненадување и да си ги зголеми шансите за учество на завршниот турнир во Купот на Македонија. Работнички е апсолутен фаворит против Охрид на домашен терен и покрај бранувањата што се случија во клубот последната недела, а Кожув оди по првиот гостински триумф сезонава кај Академија ФМП која се уште е без победа.
Утре Феникс ќе го пречека Еуро Никел во првото дерби, а в среда се среќаваат Чаир и Пелистер, односно ТФТ и МЗТ Скопје.