„Три од три“ за Саратов и Рајковиќ

0Shares
0 0

Екипата на Саратов е уште еден чекор поблиску до пласман во четвртфиналето од ФИБА Европа купот.

Рускиот тим, предводен од Емил Рајковиќ го оствари и третиот триумф во третиот натпревар од втората фаза во ова натпреварување и со максимален ефект, се издвои на чело на табелата во својата група. Попладнево, Саратов го победи турскиот Бахчешехир со 75-70 во дуелот на двете досега непоразени екипи во ФИБА Европа купот.

Победникот беше одлучен во последните три минути во кои Бахчешехир влезе со минимална предност од 67-66. Следуваше серија од 7-0 на Саратов за водство од 73-70, гостите вратија со една тројка, но на 36 секунди пред крајот Џерет стави точка на мечот.

Интересно е тоа што ова беше најубедлив триумф на Саратов во оваа фаза од ФИБА Европа купот. Во првото коло го победи данскиот Бакен Берс со еден разлика, а во текот на викендот беше подобар од Лондон Лајонс со три поени.

0Shares
0 0