Неколку странски клубови заинтересирани за Магдевски

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски од вечерва е слободен играч откако официјално доби спогодбен раскин на договорот и чисти документи од МЗТ Скопје.

Искусниот плејмејкер, производ на школата на Реал Мадрид, веќе е во потрага по нов клуб и веројатно до крајот на викендот ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Очекувано, за него постои интерес од македонски прволигаши, но КОШ.МК дознава дека во конкуренција за потписот на Магдевски во моментов се повеќе странски клубови. Како што стојат работите, репрезентативецот повторно ќе биде интернационалец, само половина година откако се врати во татковината по едногодишниот престој во романскиот клуб Плоешти.

Задоволен и среќен Магдевски ѝ е потребен и на македонската репрезентација која во февруари ги игра клучните натпревари за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, а потоа и квалификациите за Олимписките игри во Париз.

0Shares
0 0