Тројца од Водно Санс на кампот на Сфаиропулос

0Shares
0 0

Тројца млади кошаркари на Водно Санс викендов се во Солун каде се одржува Rookie stars кампот.

Поканети се 20 талентирани деца на возраст од 12 до 14 години, а од Водно Санс учествуваат Матеј Костов (роден 2008 година), Никола Костов (2009) и Војдан Стаменковски (2010). Главен тренер на кампот е познатиот грчки стручњак и поранешен тренер на Олимпијакос и Макаби, јанис Сфаиропулос.

Тоа е само продолжение на активностите на Водно Санс на меѓународен план имајќи предвид дека деновиве на проба во Олимпија Милано е 15-годишниот Никола Јаничиќ.

0Shares
0 0