Црвена Звезда, Будуќност, Игокеа… на вториот Меморијален турнир за Цевка

0Shares
0 0

Од 15 до 18 септември во Скопје ќе се одржи второто издание на кошаркарскиот турнир „Драган Василов Цевка“.

Турнирот е за кошаркари родени 2008 година и помлади, а годинава ќе учествуваат осум екипи. Од Македонија ќе играат Вардар и МЗТ Скопје, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска и Црвена Звезда и Тријумф од Србија. Минатата сезона трофејот го освои словенечкиот клуб Слован.

Меморијалниот турнир се одржува во спомен на еден од најпознатите и најтрофејни македонски стручњаци во младинска конкуренција Драган Василов Цевка кој почина во август 2020 година.

0Shares
0 0