Бранителот на титулата во АБА лигата и оваа сезона ќе игра во големото финале откако во двата натпревари ја победи Будуќност со висока разлика.
На првиот меч во Белград беше 93-55, а вечерва во Подгорица 97-56 за Црвена Звезда која на овој начин стана прв финалист во регионалното натпреварување. Будуќност беше рамноправен ривал само во првата четвртина која и ја доби со 26-25, а веќе во вториот квартал гостите почнаа да ја покажуваат својата сила. Во следните три четвртини, домашниот тим постигна вкупно 30 поени.
На својот противник во финалето, Звезда ќе чека најмалку една недела бидејќи Партизан и Олимпија ја почнуваат својата серија на 28 мај, а вториот меч го играат два дена подоцна.