Црвена Звезда освои нова тројна круна и го помина Партизан

0Shares
0 0

Со триумфот против ФМП со 71-59, Црвена Звезда ја освои шампионската титула во српското првенство и дојде до нова тројна круна откако претходно триумфираше и во домашниот Куп и во АБА лигата.

Со тоа, Звезда го помина својот лут ривал Партизан според бројот на титулите во домашниот шампионат бидејќи ја освои 22. круна и сега има една повеќе од „црно-белите“. Сепак, Партизан е поуспешен во вкупниот број трофеи бидејќи во својата историја 48, седум повеќе од Звезда, вклучувајќи и еден во поранешниот Куп на европски шампиони.

Куриозитет од овој натпревар е и тоа што Звезда ја оствари 31. победа во низа против ФМП кој е нејзин братски клуб.

0Shares
0 0