Со 36. триумф во низа во дуелите со ФМП, Црвена Звездца дојде до 23. шампионски трофеј во својата историја.
Евролигашот го доби денешниот меч со 82-72 и по кратка постапка, со само два натпревара во плејофот дојде до нова титула во српското првенство. Како што е познато, Партизан претходно го загуби правото на настап во домашниот шампионат затоа што задоцнил со пријава на играчите и Црвена Звезда обезбеди пласман директно во финалето. Ова е осма шампионска титула по ред за Звезда во домашното првенство.
За најкорисен играч во финалната серија е прогласен крилниот играч на Звезда, Лука Митровиќ кој денеска постигна 16 поени. За два дена, „црвено-белите“ ги очекува стартот на финалето од АБА лигата каде противник ќе им биде Партизан.