ЦСКА побара да се врати во Евролигата

0Shares
0 0

Откако на почетокот од нападот на Русија врз Украина беше исфрлен од елитното европско натпреварување, московскиот гигант изрази подготвеност да се врати во него идната сезона.

Според медиумите во Русија, ЦСКА не сака да се помири со отсуство на уште една цела година, па како косопственик на Евролигата официјално испрати барање да заигра во следното издание. Наводно, клубот е подготвен своите натпревари како домаќин да ги игра во Белград, а поради забраната за прелетување на руски авиони низ Европа, ќе ги користи Белград и Истанбул при патувањата.

За ова се очекува да се зборува токму во српската престолнина која од четврток до сабота е домаќин на завршниот турнир од Евролигата.

0Shares
0 0