Легендарниот НБА кошаркар Денис Родман е уапсен на Флорида откако правел проблеми на летот од Лос Анџелес, објавија американски медиуми.
Според информациите, тој прв се искарал со стјуардесите и комплетниот персонал во авионот, а потоа и со органите на редот кои го дочеале на аеродромот по слетувањето. Инцидентот избил затоа што од Родман било побарало да стави маска која е задолжителна за секој патник според правилата на авио-компаниите.
Родман, наводно, се правдал со проблеми со дишењето, но стјуардесите не прифаќале таков изговор, па тој побеснел и поради тоа била повикана полиција по пристигнувањето на Флорида.
Тој бил задржан во притвор неколку часа, дал изјава и по разговорот бил пуштен на слобода, но многу веројатно ќе мора да плати казна за свосто однесување.