Уникс не дозволи сензација, Димитријевиќ повторно на ниво

0Shares
0 0

Екипата на Уникс повторно влезе во победничка серија откако попладнево, потешко од очекувањата, славеше во дуелот со Самара со 94-86.

Отпорот на гостите, кои во своите редови имаат многу познати кошаркари, беше скршен дури во последната четвртина откако по 30 минути игра, Самара водеше со 70-68. Последниот квартал, Уникс го почна со 10-0 и потоа до крајот не ја испушти предноста.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од најдобрите во тимот на Уникс. За 29 минути, нашиот плејмејкер постигна 13 поени (5/8 за два, 0/1 за три, 3/3 од линијата за слободни фрлања), плус 3 асистенции и 2 скока.

На спротивната страна играше уште еден Македонец, но натурализиран. Џордан Теодор беше најдобар стрелец на Самара со 16 поени за нешто помалку од 27 минути игра.

0Shares
0 0