Уште двајца кошаркари ја напуштија Барселона

0Shares
0 0

По Најџел Хејс Дејвис, Барселона официјално остана без уште двајца играчи кои последната сезона беа меѓу носителите на играта.

Преку социјалните мрежи, со каталонскиот клуб се збогуваа и Брендон Дејвис и Донте Ексам и се очекува денеска разделбата да ја потврди и Барселона. Дејвис играше за оваа екипа претходните три сезони, а Ексам дојде во декември минатата година.

Во клубот беа разочарани од однесувањето на Дејвис кој до пред неколку месеци беше еден од главните играчи, а потоа дојде до огромен пад во неговата игра. Одби неколку понуди од Барселона за да прифати трансфер во Милано и тоа среде сезона што ги разочара челниците на кошаркарскиот колектив.

Австралиецот Ексам имаше неколку блескави партии, но не успеа да фати континуитет во својата форма и да ги оправда очекувањата од него. Поради лимитот за странски кошаркари во тимот, не играше на неколку натпревари во плејофот. Според информациите, тој ќе се обиде повторно да најде ангажман во НБА лигата каде играше седум сезони, од 2014 до 2021 година.

0Shares
0 0