Уште двајца од странците во МЗТ се пред заминување

0Shares
0 0

Од четворицата странски кошаркари кои го носеа дресот на деветкратниот македонски шампион, многу веројатно во тимот ќе остане само Бре Ајви кој единствен има договор со клубот за претстојната натпреварувачка кампања.

Роберт Рикиќ е пред заминување, а истото важи за Хуан Дејвис и Немања Милошевиќ кои имаа огромен придонес во освојувањето на шампионската титула во домашното првенство и пласманот во елитната АБА дивизија, а Црногорецот беше прогласен и за МВП во финалната серија. На двајцата им истекоа договорите и сега се слободни играчи, а како што стојат работите, нема да се вратат во Аеродром.

Интересно е тоа што за нив постои интерес од македонски прволигаши кои со задоволство би ги виделе во своите редови. Милошевиќ уште не се изјаснил за можноста да остане во земјава, а менаџерот на Дејвис порачал дека ќе почека да ги види понудите за својот клиент од други клубови и држави, па потоа заеднички ќе донесат одлука.

Од останатите кошаркари на МЗТ Скопје кои ја освоија шампионската титула, без договори се уште браќата Стојановски и Кристијан Николов.

0Shares
0 0