По Крис Остен и Габриел Коскоски, екипата на Гостивар го донесе и третото засилувањњ за новата сезона и тоа втор Американец.
Нов член на гостиварци е Ерик Пауел кој игра на бековската позиција, а последната сезона ја поминал на Универзитетот Мекендри во втората дивизија од НЦАА. На 32 одиграни натпревари, просечно постигнувал по 8,8 поени, 2,1 скок и 1,2 асистенции.
Гостиварци планираат многу брзо да го комплетираат составот, па се очекува и во претстојниот период да има нови имиња во тимот.