По Матијас Лесор кој неделава го засили Панатинаикос, пред трансфер во најтрофејниот грчки клуб е и неговиот соиграч од Партизан, Јанис Папапетру.
Искусниот крилен играч долго време е на радарот на ПАО, а сега, дозвола за негов ангажман дал новиот тренер Ергин Атаман. Папапетру е поранешен кошаркар и капитен на Панатинаикос и нема да има проблеми повторно да се вклопи во тимот.
Грчкиот вицешампион е исклучително активен последните денови и веќе донесе четири засилувања, а не планира тука да застане.