Уште еден играч на Партизан Водно Санс на проба во Италија

0Shares
0 0

По Дамјан Ивановски, уште еден од перспективните кошаркари на Партизан Водно Санс деновиве е на проба во Италија.

Станува збор за 16-годишниот Коста Ќириловски кој своите квалитети ги демонстрира во една од најпознатите италијански академии Стелаѕура. Кошаркарот кој е висок 198 сантиметри и игра на позициите 3 и 4, се наоѓа и на списокот на кадетската репрезентација на Македонија, а минатата недела беше прогласен за МВП на завршниот турнир во М16 првенството на нашата земја. Стелаѕура последните години е редовен учесник во јуниорската Евролига и оттаму излегоа голем број кошаркари кои настапуваат во италијанските тимови.

Со ова продолжува плодното лето на Партизан Водно Санс чии играчи се најдоа во фокусот на голем број европски клубови по историскиот успех и освојувањето на титулата во Европската младинска ига (EYBL).

0Shares
0 0