Уште еден играч отпадна од составот на Американците

0Shares
0 0

По Бредли Бил, репрезентацијата на САД остана и без Кевин Лав кој нема да игра на Олимписките игри во Токио.

Според американските медиуми, тој уште не успеал да ја санира повредата на препоните поради која пропушти голем број натпревари во основниот дел од сезоната во НБА лигата. Лав тренираше десет дена со остатокот од репрезентација, но денеска стана јасно дека нема да биде подготвен до почетокот на Олимпијадата.

Иако уште не е потврдено, местата на Бредли Бил и Кевин Лав во американската репрезентација ќе ги пополнат Келдон Џонсон од Сан Антонио и Џавејл Мекги од Денвер.

0Shares
0 0