Уште еден шок за Американците пред заминувањето за Токио

0Shares
0 0

Непосредно пред патот за јапонската престолнина, американската кошаркарска репрезентација остана без уште еден важен кошаркар.

Од тимот отпадна ѕвездата на Чикаго, Зек Лавин кој ќе мора д го помине здравствениот протокол, односно ќе мора во карантин. Во соопштението од Кошаркарската федерација на САД стои дека се надеваат Лавин да се приклучи подоцна, веројатно мислејќи на втората недела од турнирот, но засега сето тоа останува неизвесно.

Ова е трет отказ во селекцијата на Грег Попович откако претходно, од слични причини се повлече Бредли Бил, а потоа поради повреда и Кевин Лав. Нивните места ги пополнија Џавејл Мекги и Келдон Џонсон, а американската репрезентација за Токио ќе замине со само деветмина кошаркари бидејќи Џру Холидеј, Крис Мидлтон и Девин Букер уште го играат големото финале од НБА лигата.

0Shares
0 0