По несреќата што го снајде српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ, уште една трагедија се случи на Светското првенство.
На патот кон дома, по елиминацијата во групната фаза, починал физиотерапевтот на репрезентацијата на Доминиканска Република, Бладимир Регалдо. Неговата смрт ја потврдија колегите од стручниот штаб и од организаторот на Мундијалот, а ФИБА веднаш изрази сочувство.
„Цел тим на ФИБА испраќа љубов и сочувство кон тимот на Доминиканска Република, како и семејството на Владимир Регалдо кој трагично почина на заминување од Светското првенство. Бладимир ќе ни недостига на сите, почивај во мир“, стои во објавата на ФИБА.
Причините за смртта на Регалдо не се познати. Доминиканска Република беше едно од освежувањата на Светското првенство, но не успеа да се пласира во нокаут фазата.