Уште една убедлива победа – Вардар е во финале

0Shares
0 0

Екипата на Вардар ја мина најважната пречка на квалификацискиот турнир што се одржува во Будимпешта и веќе обезбеди пласман во главната фаза од Европската младинска лига (EYBL).

Во полуфиналниот меч, „црвено-црните“ славеа со 74-38 и ја потврдија својата доминација на турнирот на кој веќе имаат три победи од три натпревари. Конечниот исход од овој меч можеше да се предвиди во раната фаза, Вардар поведе со 14-5, на крајот од првата четвртина имаше 25-11, па противникот не доби ниту шанса да ја загрози победата.

Како и на претходните два натпревара, најефикасен беше капитенот Љубен Ефтимовски со 22 поена и извонреден ефект од поле – 11/13. Двцифрен број поени постигнаа уште Жарко Терзиевски (12) и Григориј Ѓорѓевиќ (10).

Во финалето, Вардар ќе се сретне со домаќинот Хонвед кого во првото коло го победи со 75-63, благодарение на одличниот финиш бидејќи на три минути пред крајот, водството изнесуваше три разлика. Триумфот на овој меч ќе биде огромна сатисфакција за младите кошаркари кои ионака веќе обезбедија место во главната фаза од меѓународната лига.

0Shares
0 0