На иницијатива на МКК Гостивар, а под покровителство на Здружението на кошаркарски тренери на Македонија, вчера во салата „Младост“ беше организиран првиот семинар за тренери во младински категории.

Семинарот беше задолжителен за тренерите од западниот регион (Гостивар, Тетово, Дебар…), покрај основните критериуми за добивање лиценца Ц во младинските категории. Главен предавач на семинарот беше Горан Крстевски, а свое излагање имаше и новиот асистент тренер во МЗТ Скопје, Никола Велев. Темите на кои предаваа се од исклучително значење за младинските категории, со оглед на промените на правилата во новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Вакви семинари се планираат во текот на септември во повеќе градоци, со цел да се излезе во пресрет на младите тренери и оние во младински категории да имаат полесен пристап до истите.

Кошаркарскиот клуб Гостивар има голема заслуга не само за почетокот на овој караван, туку и за подигнување на свеста кај сите фактори во земјава кога станува збор за тренерите во најсензитивните категории, кога се создаваат млади кошаркари. Оваа идеја на гостиварци наиде на одобрување кај сите инволвирани и нема да биде изненадување ако стане традиција во годините што се пред нас.
ПР ТЕКСТ