Утринска бомба од Аеродром: Магдевски си оди од МЗТ Скопје!

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите домашни кошаркари Андреј Магдевски го напушта МЗТ Скопје, само два месеца по почетокот на новата сезона и четири откако го официјализираше враќањето во клубот од Аеродром.

Неговото заминување од редовите на актуелниот шампион доаѓа како гром од ведро небо имајќи предвид дека немаше такви најави досега, а и врз искусниот плејмејкер се темелеше голем дел од играта на МЗТ Скопје. Во АБА лигата беше еден од најдобрите асистенти со 5,4 додавања по натпревар, а неговата игра во одбрана е драгоценото богатство кое му го даде на својот тим.

Заминувањето на Магдевски е второ од тимот на МЗТ во период од една недела откако претходно клубот се раздели и со Еван Максвел. Во меѓувреме дојде Александар Бурсаќ, но шампионот сега ќе мора да се врати на трансфер пазарот и да најде соодветна замена за Магдевски, по можност домашен играч.

Магдевски засега е слободен играч и во следниот период ќе соопшти каде ќе ја продолжи својата кариера. Минатата сезона тој ја помина во романското првенство, а претходно играше и во Србија и Шпанија.

0Shares
0 0