Ужасни вести за Галинари: Скинати лигаменти, пауза меѓу 6 и 12 месеци

0Shares
0 0

Бостон Селтикс денеска ги објави резултатите од лекарските анализи на повредата на италијанскиот репрезентативец Данило Галинари.

Вестите не се воопшто охрабрувачки. Искусниот крилен играч има скинати предни вкрстени лигаменти на коленото, идентична како онаа што ја доживеа во 2013 година. Рехабилитација за вакви повреди изнесува меѓу 6 и 12 месеци што, во најлош случај, може да значи дека Галинари нема да се врати на терените пред крајот на 2022 година, а можно е за него претстојната сезона да е завршена уште пред да почнат подготовките за неа.

Италијанецот се повреди минатата недела, на квалификацискиот дуел против Грузија. На повредата не ѝ претходеше контакт со противнички играч.

0Shares
0 0