Вајли има нов клуб, ќе игра во Јапонија

0Shares
0 0

Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли ја заврши епизодата во Бетис и во новата сезона ќе игра во Јапонија.

Негов нов клуб е членот на Б-лигата, Шига Лејкстарс со кого потпиша едногодишен договор, почнувајќи од август. Тоа ќе биде прв азиски клуб во кариерата на Вајли кој претходно има играно во Австралија, Шпанија, Грција, Германија, Црна Гора, како и во НБА и Развојната лига.

Последната полусезона, како член на Бетис, Вајли просечно постигнуваше по 10,2 поена и 4,8 скока со шут од игра 57,9%.

0Shares
0 0