Вајли се загуби во одбраната на Партизан

0Shares
0 0

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли го одигра најлошиот натпревар за Будуќност оваа сезона и тоа во дербито на АБА лигата против Партизан во Белград.

Будуќност загуби со 66-75, а натурализираниот Македонец за 22 минути постигна само три поени и шест скока, а имаше и пет загубени топки. Партизан одигра одлична одбрана и тоа беше клучот за осмата победа во деветтиот натпревар оваа сезона.

Смаилагиќ доминираше на мечот, постигна 20 поени и седум скока, а се истакна и Аврамовиќ со 17 поени. Најефикасен играч кај Будуќност беше Сили со 21 поен.

0Shares
0 0