Вајли во идеалната петорка на шестото коло од квалификациите

0Shares
0 0

Натурализираниот македонски репрезентативец се најде меѓу петте најдобри кошаркари на последниот круг од квалификациите за Европското првенство.

Против Естонија, тој постигна 18 поени, 14 скока и три блокади и беше иницијатор на пресвртот во второто полувреме откако по 20 минути игра противникот имаше предност од 11 разлика. Во тој период Џејкоб Вајли воодушеви со играта во одбрана, но имаше и неколку атрактивни забивања.

Вајли има и највисок индекс во шестото коло – 31, но и покрај тоа, во гласањето за МВП на колото што го спроведува ФИБА на својата интернет страница, се наоѓа далеку за босанскиот репрезентативец Кенан Камењаш. За него досега гласале 78% од читателите, а Вајли е трет, зад Гркот, Христор Салустрос.

0Shares
0 0